| четврток, 6 декември 2018 |

Диета за трајно отстранување на целулитот

00040574

Обично целулитот е придружен со масти и разни токсини. Од нив можеte да се ослободите со помош на водена диета. Диетата е со времетраење од 30 дена и исклучува внесување на јаглехидрати, шеќер и масна храна, заборавете на лебот и слатките десерти.

Менито за овој период треба да вклучува зеленчук, риба, јогурт и јајца. Помеѓу оброците можете да го заситувате гладот ​​со едно јаболко. Треба да испиетепо два-три литри вода на ден, почнувајќи од утрото.

dietstomak-g

Ефектот почнува да се чувствува по крајот на првата недела:

По првата недела може да почувствувате дека стомакот ви е надуен, но тоа е нормално, заради количината на вода што ја пиете. По неколку дена тоа чувство ќе исчезне, а водата во организмот ќе ве тера да се чувствувате подобро, како и поретко да огладнувате.

По втората недела ќе го чувствувате организмот пожив. Ќе уринирате почесто, што може да биде досадно и иритирачки на моменти, но на тој начин организмот се ослободува од токсините. Варењето значително ќе се подобри.

По третата недела вагата ќе покаже барем два килограми помалку, ќе имате по свеж изглед и ќе забележите дека целулитот станува се помалку видлив.

ртее

По четвртата недела веќе ќе се чувствувате олеснето, што ќе покаже и вашата вага. Состојбата на вашата кожа видливо ќе се подобри, дел од брчките ќе почнат да исчезнуваат и ќе изгледате подмладени.

Тежина ќе биде помала барем за 4 килограми, единствено и благодарение на водената диета.

ty55

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top