Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаби врнежи се бележат на планинските премини Буково и Ѓавато. Магла со видливост од 30 до 40 метри има на Попова Шапка, од 50 до 60 метри на Стража, Крушево и до 100 метри на планинскиот превалец Буково, информираат од АМСМ.
Според ДЦС МВР локалниот пат од Кратово до Каврак е прооден по една коловозна лента за патнички моторни возила, а за тешки товарни возила е забранет. Регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.
На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип – Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што поминуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.