Поради магла до 50 метри е намалена видливоста на патиштата во Маврово и на планинските премини Стража и Ѓавато. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
Локалниот пат од Кратово до село Каврак е прооден по една коловозна лента за патнички моторни возила, а за тешки товарни возила е забранет. Регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во село Којково, Кратово, е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.
На патниот правец Крупиште-Пробиштип кај село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.