| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Мехмети преживеал срцев удар

Публицистот Ким Мехмети бил хоспитализиран во приватна болница во Приштина по преживеаниот срцев удар во текот на неделава.

Мехмети, кој ударот го добил во средата, по едно предавање на Унвезитетот во косовскиот главен град, прво се двоумел да замине за Скопје или Тирана, но на крај решил да се лекува во Приштина.

Мехмети вели дека се чувствува многу добро, дека не зажалил за таа своја одлука и дека е презадоволен од услугата и од третирањето во приватната болница „Медицина“.

За состојбата на Ким Мехмети за медиумите зборувал и лекарот-специјалист од болницата, Цем Багдатли. Тој рекол дека состојбата на Мехмети е стабилна. – Ние сме задоволни што услуживме една значајна личност за Албанците – изјавил турскиот лекар, пренесува приштинскиот весник „Газета експрес“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top