| четврток, 6 декември 2018 |

Стевчо Јакимовски: СДСМ доживеа фијаско во Универзална сала

Stevce-Jakimovski-int74-3

Не очекувам да се распишат предвремени избори, изјави Стевчо Јакимовски, претседателот на ГРОМ во интервју за МРТ.

– Мнозинството е стабилно, има 62 пратеника, па очекувањата на СДСМ за избори се нереални. Не треба секоја година да организираме избори поради барањето на некои политичари. Кризата треба да добие институционална, судска разврска. Тие што работат спротивно на законите, треба да одговараат. За моралната одговорност ќе видиме како таа ќе се спроведе како во владејачката партија, така и во СДСМ, имајќи ја предвид аферата кои тие ја произведоа – вели Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ оцени дека нема спектакли во телефонските разговори и дека СДСМ „доживеа фијаско со политичкиот собир во Универзална сала, што беше собир на една партија и нејзини 14 коалициски партнери.“

– Универзална сала за таква коалиција е како ГРОМ да се собере во двособен стан. Да имаа шокантни разговори, можеби ќе ја закупеа салата „Борис Трајковски“ –  рече Јакимовски.

Тој повтори дека од Заев побарал да го објави во целост телефонскиот разговор со Бранко Црвенковски, за кој смета дека не бил обелоденет по грешка, туку дека тоа е дел од „дворските игри на СДСМ.’

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top