Претежно облачно со локални појави на врнежи од дожд а на повисоките планини снег. Вакво време најавуваат метеоролозите но текот на наредната недела. Во понеделник ќе биде претежно облачно време наместо со врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 3 степени наутро до 11 степени во текот на денот.
Во вторник повторно облачно време ,но и малку повисоки температури кои вотекот на денот ќе достигнат до 14 степени. Најстудено наредната недела ќе биде во среда кога температурите нема да надминат 10 степени.
Во четврток ќе има благо разведрување, но и покачување на температурите кои ќе се движат меѓу 5 и степени наутро и до 17 степени во текот на денот.
Од петок следи ново заладување кое ќе ги спушти максималните температури на 10 степени, а постојано ќе врне и дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.