Новата словенечка премиерка Аленка Братушек, чија Влада беше изгласана синоќа од Парламентот, вети заживување на економијата, спас на банките во земјата и избегнување на меѓународен спасувачки план.
Словенечкиот парламент синоќа ја изгласа со 52 гласа „за“ новата левоцентристичка влада на Аленка Братушек, во која ќе има 13 министерства. Братушел е првата жена премиер на Словенија. Нејзината левоцентристичка партија Позитивна Словенија ја наследува конзервативната влада на премиерот Јанез Јанша, на која минатиот месеци и беше изгласана недоверба поради обвиненија за корупција.
Новата четирипартиска коалиција располага со 49 од вкупно 90 места во Парламентот. Во својата програма таа се залага за обезбедување на финансиска и политичка стабилност на земјата, зголемување на конкурентноста и обезбедување работни места за младите.
– Очекувам консолидација на државните финансии, што нема да дозволи пад на економскиот раст, изјави Бартушек, алудирајќи на отстапување од непопуларниот курс на штедење на Јанша.
Бартушек нагласи дека владата ќе се фокусира на решавање на проблемите на локалните банки, чии лоши кредити достигнуваат 7 милијарди евра или околу 20 проценти од бруто домашниот производ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.