| четврток, 6 декември 2018 |

На­јин­те­рес­ни­те по­ли­ти­ча­ри на Бал­ка­нот, со би­о­гра­фи­ја за на филм

Се коц­ка­ат, ши­рат хо­мо­фо­би­и­ја, ср­бо­фо­би­ја, са­ка­ат мла­ди де­вој­ки, да­ва­ат сер­џи­ски из­ја­ви, нај­ин­те­рес­ни­те по­ли­ти­ча­ри на ри­де­сти­от Бал­кан, се­пак, ус­пе­ва­ат со го­ди­ни да се на власт – и да си пра­ват што ќе им пад­не на па­мет

Кои се нај­ни­те­рес­ни­те по­ли­ти­ча­ри на Бал­ка­нот? И по кој кри­те­ри­ум се нај­ин­те­рес­ни? Ги за­мо­лив­ме на­ши­те ко­ле­ги од ре­чи­си си­те Бал­кан­ски др­жа­ви да ни ги ка­жат ими­ња­та на сво­и­те по­ли­ти­ча­ри за кои во­оп­што не е по­тре­бен филм­ски сце­на­рист за да се на­пра­ви до­бар три­лер, хо­рор или, пак, ко­ме­ди­ја. Се по­ка­жа де­ка се­ка­де има ва­кви ин­те­рес­ни ка­ра­кте­ри – и за тоа би мо­же­ло да се на­пи­ше кни­га, а не са­мо но­ви­нар­ски текст.

Не­кои по­ли­ти­ча­ри, ка­ко сплит­ски­от гра­до­на­чал­ник Жељ­ко Ке­рум или срп­ски­от Дра­ган Мар­ко­виќ – Пал­ма, не­ма­ат влак­на на ја­зи­кот ду­ри и ко­га ќе им дој­дат на па­мет нај­лу­ди­те идеи. Ист е и ро­ман­ски­от евро­пра­те­ник Ге­ор­ги Бе­ка­ли, кој са­ка да гра­ди ге­та за хо­мо­се­ксу­ал­ци­те. Дру­ги, ка­ко ли­де­рот на бу­гар­ска­та Ата­ка, са­ка­ат мла­ди де­вој­ки, ду­ри и ко­га се ра­бо­ти за љу­бов­ни­ци на не­го­ви­от син.

Но, без раз­ли­ка што мис­ли не­кој за нив, тие се мош­не ус­пеш­ни лу­ѓе во биз­ни­сот и во по­ли­ти­ка­та.

Мо­ја де­вој­ка, мо­ја пар­ти­ја

dimitar stojanov1

Бу­гар­ски­от евро­пра­те­ник Ди­ми­тар Сто­ја­нов, ни крив ни дол­жен се нај­де на оваа ли­ста, иа­ко и за не­го, бу­гар­ски­те ме­ди­у­ми пи­шу­ва­ат де­ка е за­вис­ник од дро­га. Сто­ја­нов е ин­те­ре­сен за нас по не­о­дам­неш­ни­те нај­а­ви де­ка ќе ба­ра од ЕУ да ги со­пре си­те па­ри за Ма­ке­до­ни­ја до­кол­ку вла­да­та на Гру­ев­ски не ги при­фа­ти си­те бу­гар­ски ба­ра­ња.

Се­пак, кај евро­пра­те­ни­кот Сто­ја­нов, нај­ин­те­рес­ни се не­го­ви­те ро­ди­те­ли, кои, всуш­ност, го прив­ле­коа на­ше­то вни­ма­ние. Не­го­ви­от та­тко Во­лен Си­де­ров е ли­дер на бу­гар­ска­та ек­стрем­на дес­ни­ца Ата­ка. Си­де­ров е љу­би­тел на уба­ви же­ни и при тоа мно­гу мно­гу не из­би­ра. Во не­го­ви­от кре­вет се нај­де ни­кој друг ту­ку де­вој­ка­та на син му Ди­ми­тар, атр­ка­тив­на­та Де­ни­ца Га­џе­ва, ина­ку пра­те­нич­ка во бу­гар­ско­то со­бра­ние од Ата­ка.

 

 

Volen_Kapka_Bulfoto_5763

 

Се­то ова не по­ми­на­ло без дра­ма­тич­ни пос­ле­ди­ци.

Со­пру­га­та на Во­ле­нов, Кап­ка, исто та­ка, пра­те­нич­ка во пар­ла­мен­тот вед­наш по­ба­ра­ла и до­би­ла раз­вод, а Во­лен си за­ми­нал кај сво­ја­та љу­бов­ни­ца Де­ни­ца. Кап­ка си го вра­ти­ла мо­мин­ско­то пре­зи­ме Ге­ор­ги­е­ва и не за­ста­на­ла ту­ка. Фор­ми­ра­ла сво­ја пар­ти­ја, На­ци­о­нал­на­та де­мо­крат­ска пар­ти­ја, исто та­ка, ек­стрем­на дес­ни­ца и се­га кон­ку­рент на Ата­ка. Ар­но ама, со ова не ги ре­ши­ла проб­ле­ми­те. Кап­ка, по­ба­ра кап­ка на­деж во сво­ја­та га­тач­ка Ве­ра Ко­чов­ска, да ја спа­си, ка­ко што рек­ла, од „ма­ги­и­те“ што ја фа­ти­ле пос­лед­ни­ве го­ди­ни. Кап­ка за ова се ис­по­ве­да­ла и на бу­гар­ски­те те­ле­ви­зии.

 

denica-gadjeva

 

Ни­ту, Ди­ми­тар Сто­ја­нов не му оста­нал дол­жен на та­тко му. Упад­нал на ед­на од кон­вен­ци­и­те на Ата­ка и по­ба­рал од чле­но­ви­те на пар­ти­ја­та да го раз­ре­шат од пре­тсе­да­тел­ска­та функ­ци­ја, па и да го исфр­лат од пар­ти­ја­та, бо­жем, по­ра­ди сла­би­те ре­зул­та­ти на пар­ти­ја­та од пос­лед­ни­те из­бо­ри (ина­ку, Во­лен Си­де­ров е ос­но­вач и гла­вен фи­нан­си­ер на пар­ти­ја­та).

Ап­со­лут­ни­от срп­ски шам­пи­он (без кон­ку­рен­ци­ја) се ви­ка Дра­ган Мар­ко­виќ, ама си­те го зна­ат и ви­ка­ат Пал­ма. Пре­ка­рот му до­а­ѓа од та­му што се­ко­гаш е со тие на власт. Тој по мно­гу не­шта мо­же да му е ди­рект­на кон­ку­рен­ци­ја на на­ши­от Ам­ди Ба­јрам (со по­го­ле­ми шан­си за по­бе­да од на­ши­от ју­нак). Ка­ри­е­ра­та ја поч­нал ка­ко член во пар­ти­ја­та на по­кој­ни­от Жељ­ко Раж­ња­то­виќ – Ар­кан, од ка­де што бе­ше из­бран за гра­до­на­чал­ник на Ја­го­ди­на. Се­га има сво­ја пар­ти­ја Единс­тве­на Ср­би­ја, ко­а­ли­ци­ски пар­нер на Бо­рис Та­диќ со ко­ја на два­па­ти бе­ше ми­ни­стер во срп­ска­та вла­да.

 

palma i zirafi1

 

 

Пал­ма е жи­ва ле­ген­да кај се­вер­ни­от со­сед. Нај­поз­нат е по не­го­ва­та из­ја­ва во ед­на еми­си­ја на „Б92“ во ко­ја ве­ли де­ка мно­гу ја са­ка кул­ту­ра­та, но мал­ку ги слу­шал Бах и Мо­царт би­деј­ќи ко­га тие би­ле по­пу­лар­ни, тој бил мал.

Те­шко е да се изд­во­јат си­те не­го­ви до­стиг­ну­ва­ња со кои се­ко­гаш по­стиг­ну­ва го­лем пуб­ли­ци­тет во срп­ска­та јав­ност. Мо­же­би фа­ктот де­ка при до­го­во­рот за ко­а­ли­ци­ра­ње со пар­ти­ја­та на Та­диќ, ба­рал во зо­о­ло­шка­та гра­ди­на на Ја­го­ди­на да се до­не­се жи­ра­фа. Отка­ко Та­диќ го при­фа­тил тоа, ка­ко ми­ни­стер ба­рал да се нај­де жен­ка за маж­ја­кот, а тој да им би­де кум на свад­ба­та и на нив­но­то мла­ден­че. Та­ка и бид­на­ло. А, да би­де це­ла­ва ра­бо­та ин­тер­на­ци­о­нал­на, се по­гри­жил евро­пра­те­ни­кот од Сло­ве­ни­ја, Јел­ко Ка­цин, кој из­ја­вил де­ка се­то ова со жи­ра­фи­те е го­вор на омра­за. На ова Пал­ма му од­го­во­рил:

„Не знам ка­де Ка­цин учел де­ка љу­бо­вта е го­вор на омра­за и за­тоа го по­ви­ку­вам тој да би­де кум на ма­ла­та жи­ра­фа, кој ќе би­де до­каз и плод на љу­бо­вта ме­ѓу Ема (жен­ка­та) и Јо­ван (маж­ја­кот)“.

Во сво­ја­та кре­а­тив­ност, Пал­ма, ина­ку еден од нај­же­сто­ки­те хо­мо­фи­о­би во Ср­би­ја, ус­пеа да ги спои жи­ра­фи­те и хо­мо­се­ксу­ал­ци­те. Ко­га тре­ба­ше во Бел­град да се одр­жи Па­ра­да­та на љу­бо­вта, тој се по­ви­ка на чи­ста­та жи­ра­фи­на љу­бов:

„Би­деј­ќи се ова де­но­ви на Па­ра­да­та на сра­мот, му на­ба­вив на Јо­ван (маж­ја­кот жи­ра­фа), де­вој­ка, ко­ја ќе стиг­не в че­твр­ток или в пе­ток во Ја­го­ди­на – за­тоа што не са­кам мо­јот Јо­ван да ви­ди де­ка има­ло та­ква про­ше­тка по Бел­град (нов. заб. Па­ра­да­та на љу­бо­вта) и да, да, скра­ја да е, да ста­не тоа што Единс­тве­на Ср­би­ја и огром­но­то мно­зинс­тво на гра­ѓа­ни­те на Ср­би­ја не го са­ка­ат“.

Пра­те­ник што кра­де др­ва и хо­мо­фоб што са­ка да пра­ви ге­та

Во Бос­на и Хер­це­го­ви­на, се­ка­ко, нај­поз­нат е Ми­ло­рад До­дик, пре­тсе­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Срп­ска, по не­го­ви­те убе­ду­ва­ња и мол­би (и до Гос­под) Бос­на да се рас­пад­не. Но, се­пак, за нас е по­ин­те­ре­сен еден друг лик.

Са­дик Бах­тиќ е по­ра­не­шен пра­те­ник во пар­ла­мен­тот на Бос­на и Хер­це­го­ви­на, осу­ден за из­ма­ма и – за кра­де­ње др­ва? Се чи­ни де­ка тој ста­нал по­ли­ти­чар за да ма­ми и да кра­де – во бу­квал­на смис­ла на збо­рот. Бах­тиќ пред не­кол­ку го­ди­ни бе­ше осу­ден за­тоа што ка­ко пре­тсе­да­тел на кан­то­нал­ни­от со­вет, за вре­ме на под­го­то­вки­те за пре­диз­бор­ни­от со­бир, од из­ве­сен Хам­ди­ја Шар­че­виќ зе­мал 15.000 кон­вер­ти­бил­ни мар­ки (7.600 евра) со ве­ту­ва­ње де­ка по из­бор­на­та по­бе­да па­ри­те ќе му би­дат вра­те­ни. Бах­тиќ по­бе­дил на из­бо­ри­те, но не ги вра­тил па­ри­те, за што е осу­ден ус­лов­но на пет ме­се­ци за­твор, од­нос­но каз­на­та не­ма да ја из­др­жи ако во рок од ед­на го­ди­на не из­вр­ши дру­го кри­вич­но де­ло. По­доц­на се утвр­ди­ле де­ка тој во об­ла­ста око­лу Сан­ски Мост бил нај­го­лем кра­дец на др­ва, за што, исто та­ка, бил осу­ду­ван.

Ге­ор­ги Бе­ка­ли, во Ро­ма­ни­ја поз­нат ка­ко Џи­џи Бе­ка­ли, е, се­ка­ко, нај­ин­те­ре­сен по­ли­ти­чар во оваа зем­ја, са­мо што во не­го­ва­та сли­ка те­шко де­ка ќе се нај­де не­што за­бав­но. Име­но, Бе­ка­ли јав­но из­ја­ву­вал де­ка са­ка да ста­не пре­тсе­да­тел на Ро­ма­ни­ја за да ги „ре­ши“ си­те хо­мо­се­ксу­ал­ци. Ни­ко­гаш не по­јас­нил што точ­но зна­чат тие збо­ро­ви, но во ин­терв­ју за ро­ман­ска­та те­ле­ви­зи­ја ре­кол де­ка са­ка да фор­ми­ра ге­та за хо­мо­се­ксу­ал­ци, за по­ве­ќе да не ги мал­тре­ти­ра­ле ро­ман­ски­те гра­ѓа­ни.

 

foto CODRUTA DRAGOESCU

Не­го­ва­та по­ја­ва во­оп­што не е на­ив­на, не­гов ди­ре­ктен парт­нер во же­сто­ка­та прес­ме­тка со хо­мо­се­ксу­ал­ци­те е Ро­ман­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Бе­ка­ли ста­на и евро­пра­те­ник, а е сопс­тве­ник на фуд­бал­ски­от клуб Сте­а­уа, по­ра­неш­ни шам­пи­о­ни на Евро­па. И за сво­јот клуб ве­ли де­ка не­ма ни­ко­гаш да при­ми хо­мо­се­ксу­ал­ци. Ед­наш приз­нал де­ка ги за­гу­бил ре­чи­си си­те па­ри на коц­ка, око­лу че­ти­ри ми­ли­о­ни евра, се из­нер­ви­рал и го искр­шил си­те ма­си и сто­ло­ви во ка­зи­но­то.

Бе­ка­ли се оби­ду­ва и да по­ка­же де­ка има до­бра стра­на. Ко­га во 2005 го­ди­на има­ло го­ле­ми поп­ла­ви во се­ло­то Вул­ту­ру, за­пад­на Ро­ма­ни­ја, тој со свои па­ри, око­лу че­ти­ри ми­ли­о­ни до­ла­ри, им из­гра­дил 200 ку­ќи на се­ла­ни­те што ги за­гу­би­ле до­мо­ви­те во поп­ла­ва­та. Но, по­доц­на се утвр­ди­ло де­ка тој го за­др­жал пра­во­то на сопс­тве­ност на ку­ќи­те, па се­га се­ла­ни­те се не­го­ви ки­ра­џии.

Не­го­ви­от же­сток од­нос кон хо­мо­се­ксу­ал­ци­те, мо­же­би, по­тек­ну­ва од тоа што не­го­ви­те ба­ба и де­до би­ле ро­ман­ски на­ци­сти пред и за вре­ме на Вто­ра­та свет­ска вој­на. Тие чле­ну­ва­ле во Же­лез­на­та гар­да, ро­ман­ска­та вер­зи­ја на На­ци­стич­ка­та пар­ти­ја. Ток­му ба­ба­та и де­до­то го вос­пи­ту­ва­ле Бе­ка­ли.

 Гра­до­на­чал­ник што не до­а­ѓа на ра­бо­та и сло­ве­неч­ка хо­рор-ор­ги­ја

 

kerum

 

Хр­ва­ти­те го има­ат Жељ­ко Ке­рум, гра­до­на­чал­ни­кот на Сплит, чо­век со за­вр­ше­но ос­нов­но обра­зо­ва­ние, но не­ве­ро­јат­но ус­пе­шен во биз­ни­сот и во по­ли­ти­ка­та. Ке­рум ве­ќе два ман­да­та е гра­до­на­чал­ник на гра­дот, во чи­е­што се­ди­ште – во­оп­што не до­а­ѓа на ра­бо­та. По­точ­но до­а­ѓа са­мо ко­га ќе му пад­не на па­мет, ед­наш до два­па­ти на се­кои два ме­се­ца, за­тоа што, ка­ко што ве­ли, Сплит е мно­гу здо­де­вен град во кој ни­што не се слу­чу­ва. Ко­ле­ги­те но­ви­на­ри од Хр­ват­ска го опи­шу­ва­ат ка­ко „ан­то­ло­ги­ска бу­да­ла“. Ке­рум е поз­нат по тоа што че­сто ги ме­ну­ва мла­ди­те љу­бов­ни­ци и тоа јав­но, без да се сра­ми од тоа, но на крај со­пру­га­та го оста­ви­ла и му зе­ла по­ло­ви­на од бо­гат­ство­то. А, тоа не е ма­ло. Ке­рум има не­кол­ку ку­ќи и ги во­зи нај­ска­пи­те ег­зо­тич­ни авто­мо­би­ли во Хр­ват­ска. Сопс­тве­ник е на нај­го­ле­ми­от на тр­гов­ски цен­тар во Сплит, на­ре­чен „Џо­кер“ (ка­ко што ве­лат, по син му Јо­шко Ке­рум), а на ри­дот Мар­јан (сплит­ско Вод­но), пла­ни­ра да из­гра­ди огро­мен крст. Раз­мис­лу­ва­ше и за огро­мен кип на Исус Хри­стос, сли­чен на тој во Рио де Жа­не­и­ро, ама ни­ед­на бан­ка не му да­ва­ла кре­дит за тоа!??

Во Хр­ват­ска е поз­нат и по из­ја­ва­та де­ка не би са­кал Ср­бин за зет за не­го­ва­та ќер­ка. Од дру­га стра­на, ве­ли де­ка има мно­гу при­ја­те­ли Ср­би на кои по­сто­ја­но им се из­ви­ну­ва за тоа со огра­ду­ва­ње де­ка та­ка „мис­ле­ле по­ве­ќе­то Хр­ва­ти“.

Се­ка­ко, за нас не­до­мин­ли­ва по­ја­ва е Ам­ди Ба­јрам. Го­ле­ми­от мај­стор на пуб­ли­ци­те­тот е же­сток кон­ку­рент на дру­ги­те не­го­ви ко­ле­ги од Бал­ка­нот. Се­ко­гаш е со тие на власт, се­ка­ко, ко­га  не е во за­твор, но жи­ла­ви­от Ам­ди и тоа го пре­жи­веа. Поз­нат по не­го­ви­те 103 про­цен­ти гла­со­ви на ло­кал­ни­те из­бо­ри, не­го­ви­от син, кој ста­на гра­до­на­чал­ник на Шу­то Ори­за­ри, и по вну­кот Џа­ни Вер­са­че. Ам­ди е не­кол­ку­па­ти пра­те­ник во Со­бра­ние, всуш­ност, еден од тие со нај­долг стаж во за­ко­но­дав­ни­от дом. Во вре­ме­то на пос­лед­на­та вла­да на Цр­вен­ков­ски бе­ше осу­ден на три го­ди­ни за­твор, но за­тоа, ко­га ли­де­рот на СДСМ прв­пат из­ле­зе ме­ѓу сво­и­те под­др­жу­ва­чи да про­те­сти­ра про­тив вла­да­та на Гру­ев­ски, Ам­ди му вра­ти по­ка­жу­вај­ќи му го сред­ни­от прст. Ам­ди не оста­ну­ва дол­жен ни­ко­му. По­не­ко­гаш е не­ве­ро­јат­но искрен, на при­мер пред пет го­ди­ни, ко­га во Со­бра­ни­е­то из­ја­ви де­ка ако се спро­ве­дат истра­ги, си­те пра­те­ни­ци тре­ба да за­вр­шат в за­твор или, пак, де­ка де­ли браш­но во Шу­тка за да гла­са­ат за не­го.

 

амди бајрам

 

 

Кол­ку не­ко­му и да му се чи­ни ка­ко не­ка­ква ка­ри­ка­ту­рал­на по­ја­ва на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на, тре­ба да се има пред­вид де­ка Ам­ди поч­нал од ну­ла про­да­вај­ќи фар­мер­ки на Ка­ме­ни мост. Се из­диг­нал до еден од нај­бо­га­ти­те лу­ѓе во др­жа­ва­ва и тоа ка­ко Ром – да би­де­ме искре­ни, Ро­ми­те и кај нас, ка­ко и во све­тот, се на нај­дол­но­то ска­ли­ло на оп­штес­тве­на­та ска­ла.

Не­кој ре­че де­ка Сло­вен­ци­те се нај­кул­тур­ни на Бал­ка­нот. Ток­му ко­ле­ги­те од Сло­ве­ни­ја ни го пра­ќа­ат нај­би­зар­ни­от слу­чај од си­те на овој на­пис. Сло­ве­ни­ја пред три го­ди­ни бе­ше шо­ки­ра­на од афе­ра­та „Бул­ма­сти­фи“ од 2010 го­ди­на. Ста­ну­ва збор за ори­гии на по­ли­ти­ча­ри. Поз­на­то е ед­но име, ад­во­ка­тот Ми­ро Се­ни­ца, со­пруг на Ка­та­ри­на Кре­сал, то­гаш­на­та ми­ни­стер­ка за вна­треш­ни ра­бо­ти, кој, на­вод­но, учес­тву­вал во ор­ги­и­те што ги ор­га­ни­зи­рал поз­на­ти­от љуб­љан­ски до­ктор Са­ша Ба­ри­че­виќ. Скан­да­лот бе­ше откри­ен ко­га Ба­ри­че­виќ (кој, па­тем ре­че­но, всуш­ност, е же­на што со раз­ни хор­мо­ни си го про­ме­ни­ла по­лот) во сво­јот дом се­ксу­ал­но ги мал­тре­ти­рал сво­и­те ку­чи­ња од рас­а­та бул­ма­стиф (по што е и на­ре­че­на афе­ра­та) ко­ри­стеј­ќи ве­штач­ки пе­нис. Ку­чи­ња­та збес­на­ле и го рас­трг­на­ле сво­јот газ­да. По смрт­та на Ба­ри­че­виќ, сло­ве­неч­ки­те ме­ди­у­ми не пре­ста­ну­ваа со шпе­ку­ла­ции кој сѐ од по­ли­ти­ча­ри­те ги по­се­ту­вал ор­ги­и­те, а сло­ве­неч­ка­та опо­зи­ци­ја твр­ди де­ка ми­ни­стер­ка­та Кре­сал ја за­ме­тка­ла истра­га­та.

(објавено во Неделникот Република на 1 март, 2013 година)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top