| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Илиоски: Битолчани десет пати по ред покажаа дека сакаат конкретни дела, а не празни демагогии и црни сценарија

Зоран Илиоски

Уште кога оние што не и мислат добро на Македонија, во сојуз со партиската врхушка на СДСМ почнаа да објавуваат креирани и нелегални прислушувани разговори за да го подријат целиот систем и угледот на државата, веднаш беа „прочитани“ од нашиот народ, кој е паметен, многу научил од историјата и веќе не наседнува на мрачни сценарија, порача од народниот собир во Битола Зоран Илиоски преседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник и член на ИК. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Битола е еден од оние општински комитети кои беа инцијатори за одржување на ваквите собири. Нашите сограѓани самите бараа начин јасно и гласно да им кажат НЕ на сите кои што сакаат да не поколебаат, да не спречат и да не вратат 20 години на назад, додаде Илиоски.

-Уште од самиот почеток на нивните „петарди“ и оркестрирани напади врз институциите, многумина граѓани, не само нашите членови и поддржувачи, се обратија до нас, ни укажуваа дека чувствуваат дека смее нападнати, дека имаат потреба самите на направат нешто во врска со тоа, бараа да им овозможиме јавно да ја искажат својата поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на реформите, економски развој, повисок стандард за граѓаните, инвестиции, нови вработувања и позитивна промоција на Македонија пред светот.

Си мислат „ќе бидеме деструктивни, ќе вадиме креирани разговори, ќе исплукаме и оцрниме се’ што е вредно во државата и ќе дојдеме на власт“.И уште за сето тоа го киднапираа, узурпираа и злоупотребија зборот ВИСТИНА. Тие ќе ни ја кажеле Вистината за Македонија. Прво за да можеш да се размафтуваш, тукутака со ВИСТИНАТА треба самиот да си вистинит.Ама нивната таканаречена „вистина“ се темели на лаги- оцени Илиоски од Битола.

vmro bitola

Тој се наврати и на функционирањето и на ширењето на информациите кои ги пласира Заев и неговите поддржувачи.

-Лицето Зоран Заев ги излажал пријателите од надвор дека е способен, дека има капацитет да го истурка нивното мрачно сценарио. Оркестрираните поддржувачи, невладини организации и соросоидни медиуми ги излажале своите странски финансиери дека милионите евра што ги фрлаат за нивната валкана пропаганда, имаат ефект. Овде во Битола, локалното раководство на СДСМ ја лаже централата на Бихаќка дека имаат поддршка, дека се на терен, дека божем нешто работат, дека луѓето им веруваат. Ќе направат една слика, ќе ја објават на Фејсбук , ќе ја поддржат со лајкови од лажни профили и ќе речат „Ете, ние работиме, имаме поддршка“. Е ако вистина е така, ние сме постојано меѓу граѓаните , како не ги сретнавме барем еднаш, како не се разминавме. Ама тие не сакаат дури ни тоа да го сработат, туку го лажат и Заев дека сработиле. Ете така функционира нивната „вистина“ – порача Илиоски.

Илиоски во обраќањето посочи и на навредите кои низ овие медиуми се шират кон народот.

-Сами се лажат, сами си веруваат. Го навредуваат народот, го гледаат само тоа што ним им одговара. За нив сите вие овде во салата сте невидливи, не сте овде. Велат дека вие тука сте дојдени заради сендвичи, дека сте со сила донесени од работа, ве прават наивни, заведени, глупави. Како тие да не се од овој народ, како да живеат на друга планета. Ете толку се оддалечиле од сопствените граѓани и после се чудат зошто губат на избори со толкава разлика.

Наместо програми и конструктивни предлози, тие трошат време и пари на печатење и делење лажни, црни пропагандни материјали, преполни со омраза, гнев и фрустрации. Велат дека очите им се црвени и потечени, ама не од пишување Програма туку од деноноќно слушање туѓи разговори. Ако, нека се гневат, нека продолжат вака, нека го свртат целиот народ против нив. Нас ни одговара таква опозиција, ама жално е за Македонија. Македонија заслужува подобри луѓе од лицето З.З. и неговата мала дружина околу него.

Малку им е што ја држат партијата во заложништво туку сега сакаат да ја киднапираат и целата држава да ни ја продадат иднината, само за да се доберат до власт. Политичката борба е борба на идеологии, концепти, програми и конкретни политики. Ништо од тоа кај СДСМ не видовме.

Илиоски во обраќањето до своите сограѓани посочи на работата кон подобрување на животот на граѓаните од битолската општина.

-Битолчани се познати по својот космополитизам и високи граѓански и демократски вредности. Ние овде секогаш сме отворени за дебата. Дали можело повеќе? Дали можело поинаку? Дискутираме дали требало прво да се асвалтира оваа улица или онаа. Дали кружните текови се вистинското решение за сообраќајниот метеж. Како да ги решиме проблемите со загадувањето во Битола. Како да привлечеме повеќе инсвеститори во Индустриската зона Жабени и на било каков начин да обезбедиме што повеќе нови вработувања. Да отвориме нови градинки за нашите деца, соодветна услови за згрижување на старите, современа и ефикасна здравствена заштита за сите. Да го заживееме туризмот на Пелистер, да го вратиме скијањето или да обезбедиме најдобро решение за реконструкција на Планинарскиот дом Копанки. Да ја довршиме инфрструктурата во битолската касарна, да обезбедиме повеќе станови за новите генерации. До сега е направено е многу, но уште повеќе допрва не очекува. На овој или на оној начин, со различни мислења и дискуси, понекогаш и со високи тонови и расправии, ама со заедничка цел – Подобар живот за сите граѓани.

И сега некој сака да не спречи во тоа, да извалка се’ што е до сега сторено, да го забави развојот, да не врати назад, да ја оцрни Македонија пред светот. Наместо да продолжиме да работиме и да сработиме, тие сакаат сега да се занимаваме со нив, да губиме време на нивните валканици, затоа што немаат друга идеја, уште валканиците им останаа и тоа им е последно. Битола отсекогаш се сметала за лакмус за опипување на политичкиот пулс на цела Македонија. Така било уште пред повеќе од сто години. Битолчани на избори десет пати по ред до сега јасно и гласно покажаа дека сакаат конкретни дела, а не празни демагогии и црни сценарија.

Затоа денес сите заедно, поединствени и пообединети од било кога до сега сакаме да испратиме порака дека само со дела, со посветена работа, со јасна и искрена визија за иднината и со чисти срца кои чукаат како едно во ист ритам – се сака Македонија- порача од народниот собир во Битола Зоран Илиоски преседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник и член на ИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top