| четврток, 6 декември 2018 |

Идилата не потраја: Бредли Купер и Суки повеќе не се заедно

bredli i suki

Иако меѓу нив е голема разлика во годините, тоа не ги спречило да бидат во врска, но сепак тоа било и причината за раскинувањето.

Странските медиуми пишуваат дека Бредли Купер повеќе не е во врска со популарната манекенка Суки Вотерхаус.

Се зборува дека двегодишната врска ја прекинала дваесетитригодишната Суки, а причината наводно била тоа што сепак таа сфатила дека е сепак премногу млада за четириесетгодишниот Бредли.

-Бредли сака да основа семејство, но Суки сеуште не е спремна и сака да се фокусира на кариерата. Таа сака да има слобода и заклучи дека е подобро да ја прекине сега врската, отколку да чека да биде уште потешко-, открил пријател на славниот глумец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top