Актерот Бредли Купер соопшти дека подготвува снимање на телевизиска серија за настанокот и развојот на џихадистичка група Исламска држава (ИД), јавија американските медиуми.
– Мојата цел е да им разјаснам на Американците како е формирана групата, изјави Купер.
Серијата ќе се снима врз основа на книгата „Црни знамиња, подемот на ИД“ на Џоби Ворик, кој за ова свое дело во 2016 година ја доби Пулицеровата награда.
Книгата говори за група американски и меѓунардони агенти, кои имаат задача да ја уништат ИД.
Серијата ќе биде насловена „Црни знамиња“, но засега не е познато кога ќе почне нејзиното снимање и кога гледачите ќе можат да ја видат на телевизиските екрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери
-
Лошата Фикрие од „Нашата Дениз“ во приватноста е многу згодна!
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите? (видео)