Неколку лица се повредени во престрелка во ресторан во југозападниот шведски град Гетеборг доцна синоќа, соопшти полицијата.
Шведскиот весник „Афтонбладет“ објави дека се убиени најмалку две лица, јави ДПА.
Спорeд полицијата, во престрелката е користено автоматско оружје. Во тек е истрага за инцидентот. Засега не се објавени повеќе детали.
Престрелката се случила во предградие на вториот по големина град во Шведска, каде што се регистрирани случаи на насилство поврзано со криминални банди, истакна портпаролката на полицијата, додавајќи дека е рано да се прават претпоставки за мотивите.
– Апсолутно ништо не наведува на тероризам – истакна портпаролката на полицијата.
Според очевидци, двајца мажи влегле во ресторанот и отвориле оган од автоматско оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)