| четврток, 6 декември 2018 |

Во индустриската зона „Неготино” издадени првите дозволи за градење

неготино

Издадени се првите три дозволи за градење во индустриската зона „Неготино” близу селото Црвени брегови и наскоро ќе почнат градежни активности, информира денеска неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов.

Според Апостолов, домашен инвеститор ќе гради стопанско индустриски капацитети на парцелите за кои се издадени одобренија за градење.

Локалната самоуправа во изминатиот период успеала да ги продаде сите парцели на површина од 25 хектари благодарение на извонредната местоположба на зоната. На продадените локации е предвидена изградба на стопанско-индустриски капацитети од лесна и незагадувачка индустрија.  – Со  започнување со работа на тие капацитети ќе се овозможи и вработување на невработени лица од општина Неготино, а можеби ќе се јави потреба и од вработување на лица и од соседните општини, рече градоначалникот Апостолов.

Поради огромниот интерес  при купувањето на постоечките парцели, според Апостолов, се размислува за проширување на индустриската зона со нови парцели на површина од околу 20 хектари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top