| четврток, 6 декември 2018 |

Што консумираат против мамурлук во светот

mamurlek-2r0sispu4983rhv43i7k74

Во Македонија многумина против мамурлукот се борат со шкембе чорба, сок од зелка, јува. Погледнете како тоа го прават во некои земји во светот, избрани од „Buzzfeed“.

1. Велика Британија: Обилен англиски појадок

er1

Традиционалниот англиски појадок вклучува сланина, колбаси, јајца, пржено или печено лебче и грав. Според многумина маснотиите во храната помагаат за апсорпцијата на алкохолот.

2. Перу: Leche de Tigre

er2

Ова е таканаречено тигарско млеко, а името на овој коктел доаѓа од бојата и неговите наводни енергетски квалитети. Коктелот содржи сок од лимон, коријандер, лук, кромид, сол, бибер и риба. Се смета дека овој коктел исто така има и својства на афродизијак.

3. Германија : Katerfrühstück

er3(1)

Јадењето за борба против мамурлукот најчесто се состои од маринирана харинга и кисели краставички и често е првото нешто за денот по тешка ноќ во Германија.

4. Полска: Сок од кисели краставички или туршија

er4(1)

Овој лек за препиеност е популарен во Полска и нејзините соседни земји, а содржи само сок од кисели краставички. Во него има оцет, вода и натриум, а оваа комбинација  е одличен начин за рехидратирање на телото по тешка ноќ.

5. Мексико: Menudo 

er5

Тоа е мексиканска супа од телешко шкембе. Се смета дека ги стимулира сетилата и ја чисти главата.

6. Италија: Еспресо

er6

Многу италијанци преферираат поедноставен лек за мамурлук, како што се неколку чаши силно домашно еспресо. Тие сметаат дека кофеинот ги проширува крвните садови, што помага побрзо да се ослободиме од главоболката.

7. Канада: Poutine

er7

Ова јадење е популарно во Канада и се повеќе добива  популарност и во други земји. Тоа содржи помфрит, полиен со нешто како грејви сос и урда. Ова е уште едно мрсно јадење кое се смета дека го апсорбира алкохолот во организмот.

8. Еквадор: Чај од оригано

er8

Во Еквадор овој чај се пие за смирување на желудникот.

9. Јапонија: Умебоши

er9

Маринирани сливи умебоши се сметаат за пенкилер во Јапонија. Во земјата на изгрејсонцето се смета дека тие помагаат во варењето, ја олеснуваат функцијата на црниот дроб и го спречуваат гадењето.

10. Монголија: Маринирани овчи очни јаболки во сок од домати

er10

Овој пијалок датира со генерации наназад во Монголија. Се смета дека сокот од домати му помага на црниот дроб, а дејството на очните јаболка за мамурлуци, засега останува необјаснето. Не е за луѓе со слаб желудник.

11. Јужна Кореја: Haejangguk

er12

Haejangguk значи „супа за спас од мамурлук“ и се однесува за сите возможни видови супа од корејската кујна, кои се јадат како лек против мамурлук. Обично содржи сушена кинеска зелка, засирена волска крв и зеленчук во телешки супа и датира од 14-тиот век.

12. Индонезија: Каја

er14

Овој индонезиски појадок обично се приготвува со Каја (слатко од кокос), шеќерна глазура, кокосово млеко и јајца.

13. Кина: Congee

er15

Оваа оризова каша е популарно кинеско јадење меѓу луѓето кои не се чувствуваат добро, вклучувајќи ги и оние кои се мамурлии. Се смета дека оваа каша едноставно рехидратира.

14. Данска: Reparationsbajer

er16

Логиката зад овој традиционален лек за мамурлук во Данска е „клин со клин се избива“. „Reparationsbajer“ грубо се преведува како, пиво за освежување.

15. Чешка: Утопенци

er17

Овој чешки појадок содржи маринада или кисели краставички и колбаси со име Утопенци. Идејата зад овој лек за мамурлак е дека сокот од кисели краставички го рехидратира телото.

16. Тајланд: Pad kee mao

er18

Ова солено јадења се подготвува со оризови тестенини-јуфки, соја сос, риен сос, лук, месо, морски плодови, мешункасти никулци и различни зачини.

17. Бангладеш: Сок од кокосов орев

er19

Идејата зад овој лек е едноставна – хидратирање. Сокот од кокосов орев, исто така има висока содржина на калиум и други состојки како антиоксиданси, витамин C и магнезиум.

18. Јужна Африка: Омлет од јајца од ној

er21

Традиционален лек за мамурлук во Јужна Африка е да си скршиш јајце од ној и да си направиш еден огромен омлет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top