Во Македонија многумина против мамурлукот се борат со шкембе чорба, сок од зелка, јува. Погледнете како тоа го прават во некои земји во светот, избрани од „Buzzfeed“.
1. Велика Британија: Обилен англиски појадок
Традиционалниот англиски појадок вклучува сланина, колбаси, јајца, пржено или печено лебче и грав. Според многумина маснотиите во храната помагаат за апсорпцијата на алкохолот.
2. Перу: Leche de Tigre
Ова е таканаречено тигарско млеко, а името на овој коктел доаѓа од бојата и неговите наводни енергетски квалитети. Коктелот содржи сок од лимон, коријандер, лук, кромид, сол, бибер и риба. Се смета дека овој коктел исто така има и својства на афродизијак.
3. Германија : Katerfrühstück
Јадењето за борба против мамурлукот најчесто се состои од маринирана харинга и кисели краставички и често е првото нешто за денот по тешка ноќ во Германија.
4. Полска: Сок од кисели краставички или туршија
Овој лек за препиеност е популарен во Полска и нејзините соседни земји, а содржи само сок од кисели краставички. Во него има оцет, вода и натриум, а оваа комбинација е одличен начин за рехидратирање на телото по тешка ноќ.
5. Мексико: Menudo
Тоа е мексиканска супа од телешко шкембе. Се смета дека ги стимулира сетилата и ја чисти главата.
6. Италија: Еспресо
Многу италијанци преферираат поедноставен лек за мамурлук, како што се неколку чаши силно домашно еспресо. Тие сметаат дека кофеинот ги проширува крвните садови, што помага побрзо да се ослободиме од главоболката.
7. Канада: Poutine
Ова јадење е популарно во Канада и се повеќе добива популарност и во други земји. Тоа содржи помфрит, полиен со нешто како грејви сос и урда. Ова е уште едно мрсно јадење кое се смета дека го апсорбира алкохолот во организмот.
8. Еквадор: Чај од оригано
Во Еквадор овој чај се пие за смирување на желудникот.
9. Јапонија: Умебоши
Маринирани сливи умебоши се сметаат за пенкилер во Јапонија. Во земјата на изгрејсонцето се смета дека тие помагаат во варењето, ја олеснуваат функцијата на црниот дроб и го спречуваат гадењето.
10. Монголија: Маринирани овчи очни јаболки во сок од домати
Овој пијалок датира со генерации наназад во Монголија. Се смета дека сокот од домати му помага на црниот дроб, а дејството на очните јаболка за мамурлуци, засега останува необјаснето. Не е за луѓе со слаб желудник.
11. Јужна Кореја: Haejangguk
Haejangguk значи „супа за спас од мамурлук“ и се однесува за сите возможни видови супа од корејската кујна, кои се јадат како лек против мамурлук. Обично содржи сушена кинеска зелка, засирена волска крв и зеленчук во телешки супа и датира од 14-тиот век.
12. Индонезија: Каја
Овој индонезиски појадок обично се приготвува со Каја (слатко од кокос), шеќерна глазура, кокосово млеко и јајца.
13. Кина: Congee
Оваа оризова каша е популарно кинеско јадење меѓу луѓето кои не се чувствуваат добро, вклучувајќи ги и оние кои се мамурлии. Се смета дека оваа каша едноставно рехидратира.
14. Данска: Reparationsbajer
Логиката зад овој традиционален лек за мамурлук во Данска е „клин со клин се избива“. „Reparationsbajer“ грубо се преведува како, пиво за освежување.
15. Чешка: Утопенци
Овој чешки појадок содржи маринада или кисели краставички и колбаси со име Утопенци. Идејата зад овој лек за мамурлак е дека сокот од кисели краставички го рехидратира телото.
16. Тајланд: Pad kee mao
Ова солено јадења се подготвува со оризови тестенини-јуфки, соја сос, риен сос, лук, месо, морски плодови, мешункасти никулци и различни зачини.
17. Бангладеш: Сок од кокосов орев
Идејата зад овој лек е едноставна – хидратирање. Сокот од кокосов орев, исто така има висока содржина на калиум и други состојки како антиоксиданси, витамин C и магнезиум.
18. Јужна Африка: Омлет од јајца од ној
Традиционален лек за мамурлук во Јужна Африка е да си скршиш јајце од ној и да си направиш еден огромен омлет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.