| четврток, 6 декември 2018 |

Во Музејот „Прадо“ и слепите лица може да уживаат во уметничките дела

586559_slepi-ljudi-slika-fot-vimeo_ff

Најновата изложба поставена во Музејот „Прадо“ во Мадрид им овозможува на слепите и слабодовидните лица да уживаат во некои уметнички дела и тоа со поставка на тродимензионални реплики на славни дела кои е возможно да се допрат.

Овие тродимензионални копии на уметнички дела настанале со помош на стручните лица и специјални техники им овозможи на спелите и слабовидните лица со допир да остварат врска со визуелната уметност.

Со сликите има и аудиоводач, текст на Брајево писмо, како и затемнети очила за лица кои гледаат, а сакаат на автентичен начин да ги доживеат овие уметнички дела.

Изложбата ќе биде отворена до 28 јуни оваа година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top