Расте бројот на косовски државјани кои бараат азил во Германија.
Според статистиката на Федералната канцеарија за миграција и бегалци во февруари евиденирани се 7.728 Косовци кои аплицирале за азил, што е двојно поголема бројка од онаа во месец јануари годинава, кога имало 3.630 апликанти. Во декември лани за азил во Германија аплицирале 1956 Косовци.
Раст забележува и бројот на азиланти од Албанија: Во декември за азил аплицирале 940, во јануари 1648, а во февруари 1.794 албански државјани.
Во текот на месец февруари во Германија за азил аплицирале вкупно 26.083 лица што е за 132,5 отсто повеќе споредено со истиот месец лани, кога биле регистрирани 14.863 азиланти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации