| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува бројот на косовски азиланти во Германија

AzilantiРасте бројот на косовски државјани кои бараат азил во Германија.

Според статистиката на Федералната канцеарија за миграција и бегалци во февруари евиденирани се  7.728 Косовци кои аплицирале за азил, што е двојно поголема бројка од онаа во месец јануари годинава, кога имало 3.630 апликанти. Во декември лани за азил во Германија аплицирале 1956 Косовци.

Раст забележува и бројот на азиланти од Албанија: Во декември за азил аплицирале 940, во јануари 1648, а во февруари 1.794 албански државјани.

Во текот на месец февруари во Германија за азил аплицирале вкупно 26.083 лица  што е за 132,5 отсто повеќе споредено со истиот месец лани, кога биле регистрирани 14.863 азиланти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top