Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа изјави дека шефот на државата Томислав Николиќ ќе ја има поддршката на Српската напредна партија (СНС) доколку се одлучи да се кандидира и на следните претседателски избори.
– Ако се прашувам јас, Николиќ ќе ја има поддршката, истакна Вучиќ во интервју за српската национална телевизија РТС.
Тој нагласи дека Николиќ и ја дал поддршката на Владата во најтешките моменти и го почитува бидејќи не критикувал. Вучиќ додаде дека претседателот, дури и да се остават на страна нивните лични односи, покажал разлика меѓу вистинските политичари и луѓето кои мислат добро и оние кои не се тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.