Младинското драмско студио „Театар Чин 4 Сцена 5″ по повод осумгодишнината од постоењето, вечерва, 17 март, премиерно ќе се прикаже претставата “39-те чекори”, по драматизација на Патрик Барлоу, од новелата на Џон Бучан, по која е снимен истоимениот филм на Алфред Хичкок.
Режисер е Саша Нацевски, а играат Филип Димчески, Наталија Ристеска, Емилија Чавлеска и Дарко Ристески, кои ќе имаат ролји на над 50-тина ликови.
– Претставата е романтична комедија и е омаж на филмовите од 30-тите, 40-тите и 50-тите години на минатиот век. Мултифункционална и мултимедијална е уметничката поставка, досега невидена во градот. Покрај актерската игра, важна улога игра и звучниот дизајн на Томе Темелкоски, кој својата театарска дејност како композитор и инженер на звук ја започна токму со Театар “Чин 4 Сцена 5”, како и светлосниот дизајн на Јордан Чавлески. Тотален минимализам е сценографијата, публиката целосно да се препушти на сопствената имагинација, вели Гоце Саздано, раководителот на МДС.
На Младинското драмско студио “Театар Чин 4 Сцена 5” ова му е 42-ра премиера за осум години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.