| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија доби нова влада

Аленка Братушек- словенијаСловенечкиот парламент вечерва ја утвди новата левоцентристичка влада на премиерката Аленка Братушек, чии приоритети ќе бидат заживување на економијата, спасување на задолжените банки на земјата и избегнување на меѓународен спасувачки план, пренесоа француските медиуми.

Братушек претставувајќи ја програмата на владата истакна дека нејзина цел ќе биде брзо усвојување мерки за излегување од кризата, а како некои од приоритетите ги наведе финансиската стабилизација и стопанскиот раст, како и борбата против корупцијата.

– Тоа ќе биде влада на креативен немир со ограничен мандат од една година, по што ќе се бара гласање на доверба, истакна таа во говорот пред пратениците.

Братушек додаде дека собрала компетентни кандидати за владата и оти станува збор за експерти кои имаат знаење и кои покажале храброст со тоа што е согласиле да влезат во влада во кризна ситуација.

Четиринаесетчлениот владин кабинет ќе ја замени конзервативната влада на премиерот Јанез Јанша, кој минатиот месец беше отстранет од власта со гласање недоверба во парламентот заради обвиненија за корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top