| четврток, 6 декември 2018 |

„Деноноќија“ во „Концепт 37“

Ќе бидат изложени педесетина рачно изработени дела во техника хартија и конец, везена изработка, работена во период од околу една година.

-Нови, свежи дела со свој шарм. Вистинско освежување е да се погледне уметничка изложба, која е ефектна на префинет и едноставен начин – особено кога се работи за техника што претставува едно не толку општо застапено, интимно откритие на авторот. Нежните фрактални везови пленат со едно суптилно внатрешно движење кое што се чини е содржано во секој жив атом на природата, а тенките конци убаво го отсликуваат тој баланс на форми и бои – вели Јана Колева.

-Делата на Адријана Ананиева се невообичаени. Работени се во несвојствена техника, која би била посвојствена за сфаќањето на старогрчкото „техне“ (tehne), умешноста, занаетот, отколку за она што денес го нарекуваме уметност или убава уметност. Но, овие дела, сепак, зрачат со својата нежност здобиена од рацете, иглата и умешноста на Адријана. Еманираат со мир кој извира од сета нивна комплексност – заклучува Тони Димитров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top