МЗТ Скопје ја победи Цибона со 78-65 и ја прекина црната серија од 7 порази во АБА лигата и се прости од своите навивачи со успешен настап. Ова беше последен меч во Скопје сезонава во Регионалното натпреварување, а конечно и домашните навивачи се радуваа на победа.
Урош Лучиќ со 16 поени и Марко Симоновски со 15 поени беа лидери во играта на МЗТ Скопје, додека во тимот на Цибона истакнат беше македонскиот интернационалец Владо Илиевски со 13 постигнати поени и шест асистенции. Идентичен број поени уфрли и Андрија Жижиќ.
Во последното коло МЗТ ќе и гостува на Црвена Звезда, но нема шанси да го избегне претпоследното место во АБА лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



