| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски ќе ја промовира евровизиската „Autumn Leaves“

Daniel Kajmakovski (7) (Custom)

Утре, точно напладне, во просториите на Студио М1, во Македонската радио телевизија новинарите ќе можат да ја слушнат англиската верзија на официјалната евровизиска песна „Autumn Leaves“. Со неа Даниел Кајмакоски ќе ја претставува Македонија на 60. јубилејно издание на Изборот за песна на „Евровизија“ во Виена, Австрија. 

Истовремено, пред претставниците на медиумите ќе биде промовиран и видеозапис, преку кој Даниел на интересен начин ја раскажува приказната на песната. 

Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top