| четврток, 6 декември 2018 |

Собир на ВМРО-ДПМНЕ во „Борис Трајковски“ напладне

ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне ќе одржи трибина на која ќе се обратат лидерот на партијата и премиер Никола Груевски и други нејзини членови. „Република“ директно ќе го пренесува настанот.

Иницијативата за големиот собир што ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ дошла од општинските комитети.

– Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира во наредниот период, велат од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Влезот на настанот во салата „Борис Трајковски“ е слободен за сите граѓани на Македонија, поддржувачи и симпатизери на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top