ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне ќе одржи трибина на која ќе се обратат лидерот на партијата и премиер Никола Груевски и други нејзини членови. „Република“ директно ќе го пренесува настанот.
Иницијативата за големиот собир што ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ дошла од општинските комитети.
– Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира во наредниот период, велат од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Влезот на настанот во салата „Борис Трајковски“ е слободен за сите граѓани на Македонија, поддржувачи и симпатизери на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)