Неодамна во галеријата „АА колекција“ во Виена беше поставена самостојната изложба „Болници“ на Дијана Богдановска. На 26 февруари се одржа четврта самостојна изложба на Дијана Богдановска „Болници“ („Hospitals”) во галеријата „АА колекции“, во Виена, Австрија. Изложбата траеше една недела, до 3 март, 2015 година. Изложбата помина впечатливо со интерес и посетеност претежно од младата визуелна сцена на уметници.
Дијана Богдановска е уметничка, која преку своите досегашни дела го истражува интердисциплинарниот пристап на традиционалните и новите медиуми. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности (отсек-сликарство, насока – конзервација и реставрација), образованието го продолжува на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, каде што изучува родови студии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.