| четврток, 6 декември 2018 |

Глигор Чемерски изложува во МАНУ

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечерва (13 март)  во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики „Настани и знаци на земјата македонска“ на македонскиот сликар, графичар и мозаичар Глигор Чемерски. Московската изложба на академик Чемерски, која се одржа во Руската академија на уметностите во Москва, се врати во Скопје и овдешната публика ќе има можност да ја види во организација на МАНУ од 13 март до 13 април годинава.

На отворањето ќе говорат: академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, н.е. Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија и академик Луан Старова, секретар на Одделението за уметност во МАНУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top