| четврток, 6 декември 2018 |

Притворен жител на Велешта што се обидел да го убие својот брат

Струшката полиција поднесе кривична пријава за 44-годишниот А.Н. од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело убиство во обид.

На 22 минатиот месец, пријавениот физички го нападнал неговиот брат Б.Н. а потоа кон него испукал еден куршум од огнено оружје-пиштол што го поседувал нелегално.

– Настанот се случил околу 23 часот во центарот на селото Велешта каде што се сретнале двајцата браќа. Притоа настанала жестока вербална расправија, а потоа и физички напад од сега притворениот кон неговиот брат. Во еден момент, сега притворениот А.Н. го извадил пиштолот и со рачката го удрил својот брат по главата, а потоа кон него испукал еден куршум нанесувајќи му влезно-излезна рана во слабината. Веднаш потоа А.Н. влегол во своето патничко моторно возили марка „мерцедес“ и избегал од местото – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Повредениот Б.Н. е пренесен во општата болница во Струга, каде што му била извршена медицинска интервенција.

Струшката полиција на 10 овој месец го пронајде и приведе А.Н., по што по решение од Основниот суд во Струга му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top