Струшката полиција поднесе кривична пријава за 44-годишниот А.Н. од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело убиство во обид.
На 22 минатиот месец, пријавениот физички го нападнал неговиот брат Б.Н. а потоа кон него испукал еден куршум од огнено оружје-пиштол што го поседувал нелегално.
– Настанот се случил околу 23 часот во центарот на селото Велешта каде што се сретнале двајцата браќа. Притоа настанала жестока вербална расправија, а потоа и физички напад од сега притворениот кон неговиот брат. Во еден момент, сега притворениот А.Н. го извадил пиштолот и со рачката го удрил својот брат по главата, а потоа кон него испукал еден куршум нанесувајќи му влезно-излезна рана во слабината. Веднаш потоа А.Н. влегол во своето патничко моторно возили марка „мерцедес“ и избегал од местото – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Повредениот Б.Н. е пренесен во општата болница во Струга, каде што му била извршена медицинска интервенција.
Струшката полиција на 10 овој месец го пронајде и приведе А.Н., по што по решение од Основниот суд во Струга му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тројца тинејџери од Тетово ќе одговараат за обид за убиство: Избол 17 – годишник со нож, па со мајка му се пријавил во полиција
-
Почнува судењето против дедото на Тамара за обид за убиство на Никола Тодоров
-
Српската естрада под истрага: Уапсени двајца пејачи на „Гранд“ поради обид за…
-
Очевидец на обидот за убиство на сопственикот на „Динамо Загреб“ обелодени која била првата реакција на Мамиќ