| четврток, 6 декември 2018 |

Јоветиќ налето се сели во Интер

Црногорскиот репрезентативец во редовите на Манчестер сити, Стеван Јоветиќ веќе ги договорил личните услови со Интер и налето ќе се пресели во Милано. Останува само уште клубовите да ја договорат цената за која Јоветиќ ќе биде купен од страна на поранешниот европски шампион.
Главна улога за преселба на Јоветиќ во Интер ја одиграл тренерот на „нероаѕурите“, Роберто Манчини, како и кога Јоветиќ од Фјорентина прејде во Манчестер сити.
Манчини верува дека Јоветиќ е играчот што ќе треба да го приближи Интер до неприкосновениот Јувентус и да се вмеша во борбата за титулата следната сезона.

Покрај Јоветиќ Интер веќе се договорил со францускиот ветеран Жереми Тулалан од Монако и е во преговори со уште неколку квалитетни потенцијални засилувања. Поради тоа, Интер за да го испочитува финансиската фер игра на УЕФА ќе мора да продава, а на листата се наоѓаат голманот Хандановиќ и Ковачиќ.

– Пелегрини ме „уби“ со одлуката да не ме лиценцира за Лигата на шампионите – изјави Црногорецот и практично најави заминување од клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top