Малечката фарма во Шведска неодамна се најде во центарот на вниманието поради однесувањето на животните кои живеат во неа. Сопствениците на фармата Нилс Ерик и Грета Вигрен имаат зајак по име Чампис кој почнал да се однесува како куче и да го собира стадото како вистински пес-овчар. Тие сметаат дека зајакот ова го научил гледајќи ги кучињата кои исто така живеат на фрмата. Според зборовите на фармерот, Чампис ги надминал кучињата во извршување на задачата, па сега тие многу повеќе се потпираат на зајакот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.