| четврток, 6 декември 2018 |

Во прекин сообраќајот кон кратовско Каврак и хидросистемот „Злетовица“

sneg patПоради обилниот снег локалниот пат од Кратово до село Каврак сè уште е непрооден за сообраќај , а поради нов лизгар не се одвива сообраќајот ниту на патот до хидросистемот „Злетовица“ во атарот на село Којково, во непосрдна близина на тунелот.

Автомото сојузот на Македонија информира дека сè уште се во сила забраните за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка поради остатоци од снег и и на патот Македонски Брод – Прилеп поради оштетување на дел од мостот на Сланска Река.

На патниот правец Крупиште-Пробиштип, кај село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.

Сообраќајот на сите други државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег паѓа во Крива Паланка, Страцин и на планинскиот премин Стража.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде што е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top