Во салата „Бели Мугри“ во Велес вечерва премиерно беше изведена претставата „Мозаикот наречен Велес“, според легендите за Велес од Љупчо Данов, а во режија на Весна Димитровска Бобевски.
Во претставата настапуваат децата – членови на теарската група „Словото“ со која раководи актерката и режисер Весна Димитровска-Бобевски.
Како што појасни Весна Димитровска Бобевски, приказните во претставата раскажуваат за почетокот на постанокот градот Велес, за тоа кој ја изработил првата Гемија, со која се пловело по Вардар, како умрела Ленка за која пишуваше Кочо Рацин, кој го убил Миле Поп Јорданов, за Васил Главинов и уште неколку интерсни приказни, за познати и помалку познати личности и настани.
– Преку нив публиката ќе може да се запознае со дел од богатото историското минато на Велес во изминатите пет и пол векови, истакна Димитровска Бобевски.
Членовите на детската театарска група „Словото“ направија пресек на историјата преку познати и непознати ликови кои оставиле белег во градот, претставата ја подготвувале шест месеци. Текстот или приказните по кој е работена претставата се на велешанецот Љупчо Данов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.