Поради остатоци од снег на коловозoт, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
Поради оштетување на дел од мостот на Сланска Река, на патниот правец Македонски Брод – Прилеп Р-1303 е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила.
Намалена видливост од 30 до 40 метри поради магла има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и во Крушево каде видливоста е од 70 метри.
Според информациите добиени во АМСМ од ЈП Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и планинскиот превој Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.