| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Осмото светско чудо” од Плевнеш на Саемот на книгата во Лајпциг

plevnes

На Меѓународниот саем на книгата во Лајпциг, на 14 март, на штандот на „Лајпцигер литературверлаг“, ќе се одржи промоција на германското издание на романот „Осмото светско чудо“ од Плевнеш, во превод на Вил Фирт.

„Лајпцигер литературверлаг“ е издавачка куќа која досега објавила поголем број автори од Југоисточна Европа, меѓу кои Мирослав Крлежа, Милош Црњански и Александар Тишма.

За романот на Плевнеш ќе говорат повеќе претставници на критичката мисла, а авторот ќе потпишува од примероците на романот за време на саемот, како и во неколку книжари во Лајпциг, каде што ќе бидат организирани средби со читателите.
Во текот на јуни оваа година, изданието на романот ќе биде презентирано и на Универзитетот „Хумболт“ во Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top