| четврток, 6 декември 2018 |

Синовец во идеалниот тим на АБА за слаба утеха на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје загуби во трилер-меч и по едно продолжение во Софија од Левски со 90-91, а како слаба утеха за 17. пораз на македонскиот шампион е изборот на Стефан Синовец меѓу најдобрите петмина на колото.

sinovec

 

Српскиот интернационалец кај „металците“ забележи 29 поени и по четири освоени топки, скокови и асистенции, што му донесе 25 индексни поени и место во идеалниот тим на колото во Јадранската лига.

 

Сепак, тоа беше премалку за да се избегне седмиот пораз во низа и тоа против најслабиот тим во ова натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top