Хрватската поп-пејачка Јелена Розга и српскиот крал на бакарот и поранешен сопруг на Северина, Милан Поповиќ, се во врска веќе неколку месеци, дознава српски „Блиц“. Според весникот, тие ја држат врската во тајност, поради нивната заедничка болна точка – Северина.
– Би сакала да родам дете. Мечтаам за девојче. Мажачката не ми е важна – изјавила неодамна за „Блиц“, Розга истакнувајќи дека лесно се вљубува и дека тоа е единствената работа што ја придвижува во животот. Меѓутоа, во текот на нејзината 19-годишна кариера, таа никогаш не зборувала за љубовниот живот и никогаш не го откривала името на своите партнери.
Иако се зборуваше дека со години е во врската со хрватскиот кантавтор Тончи Хуљиќ, а подоцна се зборуваше дека го заменила со неговиот син , самата Розга никогаш не ги потврди ниту ги демантираше тие муабети. Во август минатата година признала дека ја прекинала долгогодишната романса и дека од пред неколку месеци е повтoрно вљубена.
– Розга и Милан се дружеа и пред тој да ја почне својата врска со Северина. Меѓутоа нетрпеливоста меѓу двете сплиќанки датира одамна, штом Милан ја почна врската со Северина, го прекина контактот со Јелена. Тие двајца почнале да се дружат минатата година и станале повеќе од пријатели – открива за „Блиц“ добро упатен извор.
Розга често е гостинка на Милан во неговиот стан во Белград, а тоа го потврдиле и нивните соседи, кои често ги гледаат заедно во последно време. Но очигледно не сакаат да се дознае за нивната врска барем додека Милан не дојде до судска разврска со својата поранешна сопруга со која го има двегодишниот син Александар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!