За отписот на долгови се издвоени 900.000.000 денари. Најмногу отпишани долгови има за електрична енергија, потоа за кредити во банките и најмалку за топлисна енергија и за радиодифузна такса.
Оваа мерка беше донесена минатата година и, како што нагласи премиерот Груевски, беше дел од изборните ветувања на владејачката партија.
– Многумина со неверување ги дочекаа нашите ветувања за отпис на долгови, но ние решивме да им помогнеме на оние лица на кои најмногу им беше потребна помош на начин на кој никој во светот досега не помогнал – изјави Груевски.
Премиерот додаде дека од пристигнатите барања сѐ уште се обработуваат барањата за отпис на долговите. Владата, рече премиерот, и натаму ќе продолжи да им помага на оние на кои најмногу им е потребна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.