Во петок (13 март) во Македонската опера и балет, за прв пат ќе биде поставена премиерна изведба на операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа. Се работи за најизведуваното дело од овој автор, а во подготовката на премиерата, учествуваше интернационална екипа. Режисер е Енрико Кастиљоне, диригент, Стефано Романи, двајцата од Италија. Сценограф, Александар Златовиќ, костимограф, Весна Радовиќ, од Србија. Кореограф е Олга Панго.
Изведувачкоит дел од екипата го сочинуваат: Џована Казола од Италија, во насловната улога. Маурицио (тенор)-Ѓорѓи Цуцковски, Принцеза де Бујон (мецосопран)-Јелена Влаховиќ (Србија), Принц де Бујон (бас)- Елиjа Тодиско (Италија), Игуменот од Шазеј (тенор)- Дејан Стоев, Мишоне, менаџер на сцена (баритон)- Марјан Јованоски, Госпоѓица Жувено (сопран)- Биљана Јосифов, Госпоѓица Данжевил (мецосопран) – Николина Јаневска, Поисо (Риба) (тенор)- Никола Стојчески, Кино (бас)-Диме Петров, Мајор (тенор)- Јане Дунимаглоски.
Репризата на претставата е закажана за вторник, 17.03. 2015 г. а во неа ќе настапат: Сандра Митровска, Иван Момиров-Бугарија, Марика Поповиќ, Александар Стефаноски, Јане Дунимаглоски, Марјан Јованоски, Катерина Митева, Катерина Весковска, Марјан Николовски, Борко Биџовски и Зоран Данилов, по истиот редослед на улогите.
Учествуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.