Времето во земјава утрово е облачно со повремен локален снег, а во крајниот југоисточен дел врежите се претежно од дожд освен во Демир Капија каде има врнежи од снег. Дува слаб ветер од северен правец.
Најниска температура од -7 е измерена во Маврово, -5 во Лазарополе и Крушево, -4 во Берово и Пожар, -3 во Ѓуриште и Пожаране, -2 во Крива Паланка, Струмица и Тополчани, -1 во Прилеп и Претор, 0 во Скопје, Охрид, Тетово, Виница, Куманово, Штип, Демир Капија и Битола, 2 во Дојран и 3 во Гевгелија.
Врнежи најмногу имало во Демир Капија 21 литар на метар квадратен, 10 Пожар, 9 Пожаране, 7 Гевгелија, Струмица и Маврово, 6 Дојран, Битола, Крушево и Пожар, 5 Ѓуриште, 4 Скопје и 2 Виница, Прилеп, Штип, Берово, Тополчани и Куманово.
Снежната покривка е најголема во Маврово118 сантиметри, 59 во Пожаране, 40 во Лазарополе, 35 Ѓуриште, 32 Крушево, 29 Пожар, 22 Крива Паланка, 15 Битола, 10 Тетово, 6 Берово, 2 Скопје, Демир Капија и 1 Прилеп.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од снег, во јужните од дожд и снег,само во крајниот југоисточен дел од дожд. Интетнзитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 2 до 7 степени
Во Скопје претежно облачно, со повремен слаб дожд и снег и со умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места се можни слаби врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините со слаб локален снег.
Од вторник дневната температура ќе биде во постепен пораст, а утринската на места ќе биде под нулата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.