На видео снимка која се појави попладнево на интернет каналот Јутјуб, се гледа дека претседателот на СДСМ Зоран Заев во разговор со премиерот Никола Груевски, јасно тврди дека според резултатите од анкетите кои самиот Заев ги нарачал, ВМРО-ДПМНЕ воделе со седум до осум отсто пред изборите.
На прашањето од Груевски дали Заев правел анкети пред избори и дали верува во тие анкети, може да се слушне како лидерот на СДСМ признава дека според нарачаните анкети тој бил свесен дека владејачката партија била во предност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



