Изборите се добиваат со многу работа, труд, посветеност и држење до дадениот збор.
Ова денеска го истакна премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, при што му упати моќна порака на Зоран Заев.
-Јас сакам да му упатам една порака, дека избори не се добиваат со сила, не се добиваат со закани и измами или интриги, како тој се обидува да направи. Така се губат избори. Избори се добиваат со многу работа, ние со многу макотрпна работа ги добиваме изборите, со труд, пот, посветеност, 15 саати дневно работење. Само така се добиваат избори и со држење до дадениот збор, со остварување на тоа што си го ветил на граѓаните, како што го правиме со години, истакна премиерот.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не случајно 9 циклуси добиваат на изборите, зашто народот виде дека првпат дојде политичка опција која тоа што го ветува го исполнува, која нема празни ветувања и се пресметува пред нешто да вети и граѓаните знаат дека затоа гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а не закани, притисоци или уцени.
-Тоа се методи кои Заев ќе сфати еден ден дека не можат да го донесат на власт. Беа и тие на власт, ги видовме. Бевме и ние на власт, не видоа и нас. Делата ќе одлучат, на интригите, заклучи премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.