Според вчерашните мерења, висината на снежната покривка во Маврови Анови изнесува 88 сантиметри, во Пожаране 40, Лазарополе 36, Дебар 26, Крушево 19, 10 сантиметри е во Тетово и Ѓуриште, 9 во Тополчани, три во Крива Паланка и Битола, а еден во Прилеп и Претор.
УХМР соопшти дека до 19 часот вчеравечер наврнат воден талог во Битола имало седум литри на метар квадратен, шест во Демир Капија, четири во Тополчани, три во Берово, Струмица и Гевгелија, два во Пожаране, еден во Крива Паланка, Виница, Прилеп, Пожаране и Претор.
Денеска се очекува променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од снег. Во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а дневната од 0 до 6 степени.
Во недела ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и умерен северен ветер.
Од понеделник следува период на стабилно и суво време, насекаде со негативни утрински температури, а дневните ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.