| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки си поиграа со Крим за победа од 47-29

Ракометарките на Вардар брзо го надминаа хоророт со лошото слетување на авионот во Љубљана и рутински го совладаа Крим со 47-29. Мечот од деветтото коло конечно ја разби незгодната серија на македонскиот првак од 4 порази по ред на гостински терен, а со 47 погодоци вардарки се најефикасна екипа во овој циклус од натпреварите во Лигата на шампионите, односно постигнаа најмногу голови на еден меч.

vardar-krim-19

Неизвесност воопшто и немаше, а гостинките од Скопје ги разрешија сите дилеми по првиот дел кога замина на одмор со предност од 24-12. Во продолжението разликата постојано се зголемуваше за конечни плус 22.

На едно коло до крајот во втората фаза по групи Вардар е сега третопласирана екипа со 9 бода, зад Динамо Волгоград со 10 и лидерот Будуќност со 15 бода. Зад Вардар е германското дуо Турингер со 8 и Лајпциг со 6 бода, но овие екипи имаат меч помалку, исто како и Динамо и Будуќност. Последното место е загарантирано за Крим со само 2 бода.

Во последното коло „црвено-црните“ ќе играат на домашен терен со Динамо Волгоград во меч што може да одлучи за пласман понатаму во четвртфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top