| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер одбил вонредна средба на барање на Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал вонредна средба со претседателот на Европската комисија Жан-­Клод Јункер, пишува германскиот весник „Зидојче цајтунг“, повикувајќи се на претставници од Атина.

Барањето на Ципрас е отфрлено од Јункер со образложение дека неговата агенда е преполна. Договорено е таква средба меѓу двајцата да биде разгледана по седницата на Еврогрупата во понеделник.

Претставник на Еврокомисијата потврди дека Комисијата одржува телефонски контакт со грчката Влада, но без да објави повеќе детали.

Германскиот весник барањето за средба го оценува како необичен повик за помош, нагласувајќи дека Атина се бори со секој изминат ден да спречи банкрот на Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top