Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал вонредна средба со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, пишува германскиот весник „Зидојче цајтунг“, повикувајќи се на претставници од Атина.
Барањето на Ципрас е отфрлено од Јункер со образложение дека неговата агенда е преполна. Договорено е таква средба меѓу двајцата да биде разгледана по седницата на Еврогрупата во понеделник.
Претставник на Еврокомисијата потврди дека Комисијата одржува телефонски контакт со грчката Влада, но без да објави повеќе детали.
Германскиот весник барањето за средба го оценува како необичен повик за помош, нагласувајќи дека Атина се бори со секој изминат ден да спречи банкрот на Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Заев и Димитров добија лајк од Пенс (ВИДЕО)