Поради обилни врнежи од снег, кој се задржува на коловозот вечерва повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Забраната за движење на тешки товарни возила на крак Маврово-Дебар се уште е активна.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Снег со слаб интезитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево кој не се задржува на коловозoт. Магла со видливост до 100 метри има на планискиот превој Плетвар.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.