| четврток, 6 декември 2018 |

Златни бобинки за добро здравје и за добри приходи

Златните бобинки се жолто-портокалови топчести плодови, кои во Јужна Америка се култивираат со векови и се многу ценети поради нивното поволно влијание врз здравјето, како и поради слатко-киселиот вкус од кој се собира устата

Нивното култивирање е едноставно, може да се засади од семките на плодот, а растението е едногодишно и личи на домат. Лесно се приспособува на почвата, но бара топлина, поради што како попогодно поднебје се смета Источна Македонија. Цената при откуп зависи од побарувачката, па во некои случаи достигнува до 1.000 денари за килограм. Проблем во преземањето на родот останува неорганизираниот откуп, поради што земјоделците тешко се решаваат да го култивираат.

zemjodelstvo130-2

Еден грст златни бобинки ве снабдува со значителна доза на антиоксиданси, а во традиционалната народна медицина за златните бобинки се смета дека помагаат во одржување добра телесна тежина, дека чуваат од болести и ја подобруваат функцијата на сите органи.

Златните бобинки содржат антивоспалителни биофлавоноиди и се добар извор на аминокиселини, минерали, витамини А (што е одлично за очите), како и на витамин Ц, Б2, Б6, Б12, ниацин, железо и висок процент на протеини од 16 проценти.

zemjodelstvo130-3

Високото количество пектин во ова овошје помага во регулирање на дигестивниот систем, како и во намалување на холестеролот. Златните бобинки имаат значителна доза на антиоксиданси, кои придонесуваат за заштита на кардиваскуларниот систем, го регулира нивото на шеќери во крвта, помага при анемија и ги неутрализира промените кај простатата.

За разлика од повеќето сушени овошја, златните бобинки не содржат додадени шеќери и презервативи, што значи дека не го оптоваруваат телото со непотребни калории и хемикалии.

zemjodelstvo130-4

Уживајте во вкусот на златните бобинки едноставно јадејќи ги суви, или измешани со друго суво овошје и со јатки. Можете да ги блендирате и да направите овошен јогурт од нив, да направите џем од златни бобинки, или сладок и кисел сос од златни бобинки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top