Сексуалнопреносливата болест кламидија прави проблеми во Македонија. Најмногу последниов период е застапена во Штип, пишува Нова Македонија.
Кламидија е болест од која за една година се регистрирани 270 заразени жени, или по 57 на секои 10.000 жители, што оваа болест ја прави најчеста пренослива зараза во oпштината.
– Бројот на заболени секоја година е најмалку за 50 проценти поголем зашто пренесувањето е лесно. Иако станува збор за болест со сериозни последици, знаци што ќе предупредат за нејзиното присуство речиси и нема: болеста нема симптоми, се открива со преглед, а ако не се лекува, може да премине во хронично заболување и да предизвика стерилитет – појасни прим. д-р Велик Грков, директор на Центарот за јавно здравје – Штип, а пренесе „Нова Македонија“.
Лекарите советуваат редовна посета на гинеколог и внимавање на хигиената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)
-
Внимавајте на своите деца: Опасна полово пренослива болест се шири меѓу младите